Герила маркетинг совет за кафуле

Пред неколку дена бев поканет на свеченото отворање на кафуле на еден познаник. Бидејќи се знаеме долго време, кога ми пријде да ме поздрави, овој пријател ми рече „Очекувам нешто интересно од тебе на маркетиншки план…“

„Во ред“ – му реков. “Еве еден брз!”.

Дизајнирај еден вид пасош за кафе во кој клиентите ќе можат да собираат печат секојпат кога ќе пробаат ново кафе или специјален пијалок во твоето кафуле. Понуди им награди или попусти кога ќе го наполнат пасошот, охрабрувајќи ги да го истражуваат менито и да се враќаат повторно и повторно.

„Денес никој ништо друго не носи во џебот, освен телефонот, камоли пасош од некое ново кафуле.”

“Направи го тоа дигитално“.

“Е, како??”

“Ќе ти направам како мобилна апликација…“

„Ах ти… Келнер, донеси уште една пијачка за Бурхан…“