Состојбата на 3-те луѓе со кои се споредуваме

Денес наидов на прирачник за личен развој, каде што, меѓу другото, ме импресионираше изразот:

Заштитете ги тие што се зад вас и почитувајте ги тие што се покрај вас. Восхитувајте им се без љубомора на тие што се пред вас.

Во ред… Се согласувам.

Ама ми се чини декас редниот дел го имаме тргнато од списокот на почитта. Зборам за тој што стои до нас. Ова е оној што генерално како општество најмногу го презираме. Како да се плашиме да не нè надминува.

А тој што е пред нас го сметаме за цар.

Ние сме во ред со она што е позади. Знаеме да бидеме милосрдни.

А тој што е против нас?

За него прирачникот даваше само еден совет – победи го.