Кога си уапсен како потрошувач

Ти се пие вода во авион?

ОК. Спреми 4 евра.

Ти се јадат семки на стадион? – 2 евра за грст.

И двете чинат многу поевтино на нормален пазар. А кога ќе се најдеш на поексклузивен пазар, стануваш помалку потрошувач, а повеќе затвореник.

Бизнисите често ги искористуваат ограничените избори што им се достапни на потрошувачите во конкретни ситуации, а во горенаведените случаи изгледа како во цената да е вклучен и авионскиот билет што го платила водата. Или едноставно тие семки се повкусни од оние во маалската продавница.

Сакате уште за монополот?