Добро што умре магарето, но што да правиме со мувите?!

Пред некое време забележав статус на Фејсбук на кој пишува „Добро е што умре магарето, но мувите прават да не се чувствуваме удобно“. Без да навлегувам во содржината на целиот текст на таа објава, почнав да мислам дека секогаш кога ќе се соочиме со нов предизвик, нашето трпение и удобност дефинитивно се ставени на тест. Ова е непишано правило.

Во такви ситуации најчесто се наоѓаме меѓу задоволството и очајот. Смртта на старото, бескорисно магаре веројатно значи крај на неволјите, симнат товар од нашиот грб. Меѓутоа, појавата на муви како последица на мртвото магаре ни го нарушува мирот, потсетувајќи нè дека дури и во отсуство на проблем, може да има други проблеми кои чекаат да го заземат неговото место.

Тоа не потсетува дека животот е полн со препреки и неочекувани пресврти. Токму кога мислиме дека сме триумфирале над една пречка, зад неа се појавува друга. Споредувањето на смртта на магарето со досадните муви ги предизвикува нашите перцепции за тоа што е вистинска удобност.