Прогресивниот данок наспроти рамниот данок

Прво, да бидеме јасни; никој не вели дека даноците се добредојдени. На факултет не учеа дека даноците што ги плаќаме се инвестиција за подобра држава во иднина.

“Даноците се обврски што ги плаќаме за членство во организирано општество.”Еден мудар човек

Прогресивниот данок наспроти рамниот данок постојано поттикнува на жешки дебати. Двете теории имаат свои приврзаници и критичари. Прогресивните даночни системи на лицата со повисоки приходи им наплаќаат повисоки даночни стапки, додека на оние со пониски примања – пониски даночни стапки. Во рамното оданочување имаме иста даночна стапка за сите даночни обврзници. Никој не плаќа повеќе или помалку од кој било друг. И двата система може да се сметаат за „фер“ во смисла дека се одржливи и применуваат рационален пристап кон оданочувањето. Од друга страна, секој од овие системи може да се нарече „нефер“ врз основа на тоа кој ќе добие или изгуби.

Приврзаниците на прогресивниот систем тврдат дека повисоките плати им овозможуваат на богатите луѓе да плаќаат поголеми даноци и дека ова е најправеден систем бидејќи го намалува даночното оптоварување на сиромашните. Бидејќи сиромашните имаат помалку расположливи приходи и трошат поголем дел од своите пари за основни егзистенцијални потреби, овој систем им овозможува да чуваат повеќе свои пари. Богатите даночни обврзници се повеќе способни да ги обезбедат своите физички потреби и затоа плаќаат повеќе. Од друга страна, рамниот данок ќе ги поништи разликите помеѓу богатите и сиромашните даночни обврзници. Некои тврдат дека рамниот данок е неправеден токму од оваа причина. Сепак, прогресивното оданочување се однесува поинаку кон богатите и сиромашните, што е исто така неправедно.

Рамниот данок има единечна стапка на данок. Секој ја сноси истата одговорност и сите се еднакви, богат или сиромашен. Даноците овде не ги обесхрабруваат оние со повисоки приходи да заработат повеќе и во исто време ниската даночна стапка ги охрабрува сиромашните да се обидат да заработат повеќе. Сепак, овој систем ризикува да земе многу пари од најсиромашните граѓани.

ПРИНЦИП НА ЕДНАКВОСТ

Во Македонија го имавме експериментот влез-излез за прогресивно оданочување, и јас, како поборник за еднаквост, би сакал да ја оправдам владата кога го врати назад законот за прогресивно оданочување.

За да биде појасно, да речеме дека имаме рамен данок од 10%. Тоа е, сите плаќаме исто. И, имаме пет лица во државата со следниве приходи:

  • Лице 1 има приход од 2.000 евра годишно, што е доволно за да плати данок од 200 евра.
  • Лицето 2 има приход од 6.000 евра годишно, што е доволно за да плати данок од 600 евра.
  • Лицето 3 има приход од 16.000 евра годишно, што е доволно за да плати 1.600 евра данок.
  • Лицето 4 има приход од 50 000 евра годишно, што е доволно за да плати 5 000 евра данок.
  • Лицето 5 има приход од 2 милиони евра годишно, што е доволно за да плати данок од 200 000 евра.

Значи, државата има даночни приходи во износ од вкупно 207 400 евра.

NСо други зборови, на овој милионер треба да плати 96,4% од сите даноци. Без да навлегуваме во детали дали ова е фер и искрено, можеме накратко да кажеме дека тука сме фер. Сите се еднакви пред законот.

НО КАДЕ Е ПРОБЛЕМОТ?

Во реалноста, во нашето општество најголемиот дел од населението спаѓа во категоријата Лице 1 или Лице 2, така што ќе ни требаат повеќе такви лица за да стигнеме до личност како Личноста 5. “Но, овој заработува многу повеќе…“. – Точно, но овој може многу полесно да живее со 70% данок, отколку првиот со 10%, каде што приходите не му се ни доволни за да ја пополни месечната потрошувачка кошничка.

Од ова може да се види дека дилемата „рамен данок или прогресивен данок“ може да биде повеќе социјално или политичко прашање отколку финансиско прашање. Концептот на прогресивен данок е во основа едноставен концепт: Колку повеќе заработувате, толку повеќе даноци плаќате, што значи дека стапката на данок постепено се зголемува како што се зголемуваат приходите. Сепак, даночните системи во развиените земји (и кај нас кои сакаме да бидеме наречени земји во развој) се толку комплицирани системи што често ја губат својата едноставност, не сметајќи ги бирократиите и интервенциите на елитите во законодавниот дом. Затоа и се мисли дека системот на рамен данок има најголема популарност. Прогресивниот модел може да биде пофер во теорија, но вистинската правда е начинот на кој системот се спроведува.

РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ?!!!

Владите треба да создадат паметни системи на правда и еднаквост каде што општеството е свесно дека луѓето ја прават државата, а не државата народ.